(ФОТО) Скоцкани по последна мода: Заева, Шекеринска, Царовска и Ѓорѓиевска на хуманитарен настан
Вчера се одржа хуманитарниот настан „Една слика - една можност“, од кој собраните средства се за децата и семејствата жртви на семејно насилство, за Првиот семеен центар во Град Скопје.
На хуманитарната аукција, освен преставници од бизнис заедницата и граѓански организации присуствуваа и министерките Шекеринска и Царовска, како и сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица и сопругата на кандидатот за претседател Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска.
За оваа прилика четирите дами беа облечени сосема различно, односно секоја во свој претпознатлив стил, а во водечките трендови на сезоната. Зорица Заева носеше модерен тегет фустан со златни детали налик сако, додека Шекериснка се одлучи за црнобела комбинација на сако со линии и класикот бела кошула.
Мила Царовска беше облечена во смарт кежуал комбинација- бели панталони, бела кошула и сако во мастилна боја кое ја разбива монотонијата.
Елизабета Ѓорѓиевска пак го носеше трендот на сезоната, кошула со панделка која е вистински хит меѓу светските дами како Кејт Мидлтон, Меланија Трамп, Амал Клуни, Џенифер Лопез, па дури и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.