Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Со костум и патики кај Принцот Вилијам: Ема Томпсон го украде шоуто
Легендарната британска актерка Ема Томпсон доби специјално признание од Принцот Вилијам, а за оваа свечена прилика одбра прилично изненадувачки аутфит.
Во елегантен костум потпишан од Стела Мекартни и класични бели патики, славната глумица дефинитивно го украде шоуто.
На вакви церемонии во Бакингемската палата гостите најчесто преферираат класика, но Томпсон покажа дека им пркоси на стереотипите.