(ФОТО) Со уникатен моден детаљ слави роденден на море: Неда Украден полни 69 години

Добивај вести на Viber

Пејачката Неда Украден денес го слави својот 69 роденден. За сараевската пејачка која живее во Белград, многумина велат дека изгледа многу помладо од своите години. 

Украден на својот Инстаграм профил објави провокативна фотографија во костим за капење од местото Лепетане, на црногорското приморје. „Добредојде друштво мое на забавата на годината. Најдоброто допрва доаѓа“, напиша Неда под фотографијата. Најинтересниот детаљ на неа е шеширот специјално дизајниран за Неда, со нејзиното име кое е извезено на него.

Роденденот, меѓу другите на Инстаграм ѝ го честитаа колегата Жељко Самарџиќ, како и Калиопи. 

Неда е среќна баба на внукот Душан кој има три години и шестгодишните близначки Неда и Александра, деца на нејзината ќерка Јелена.