(ФОТО) Сосем обична бела маица за совршен стил: Меланија Трамп воодушеви

Добивај вести на Viber

Американската претседателска двојка Доналд и Меланија Трамп имаа дводневен одмор од обврските, кој го искористија во фамилијарниот клуб во Њу Џерси.

Веднаш по викендов се вратија во Белата куќа за да продолжат со работа, а за таа пригода убавата Словенка повторно воодушеви со изборот на модната комбинација.

Имено, Меланија уште еднаш докажа дека „помалку е повеќе“ со комбинацијата на обична бела маица. Тоа е совршен моден завршеток на ефектното миди здолниште во зелена боја со интересни детали на работ и белите салонки со шарен принт.

Впечатливото здолниште го потпишува модната куќа Фенди, салонките Кристијан Лобутин, а белата маичка на куси ракави може да ја најдете во скоро секоја продавница.