(ФОТО) Стилот на Маја Иванова во градот на модата

Добивај вести на Viber

Темно црвената или бордо боја, велат модните критичари е повторно во тренд оваа есен. Тоа е боја која ќе се носи неколку сезони, најавија светските модни медиуми уште на почетокот од есента.

Токму комплет во оваа боја, избра Маја Иванова, сопругата на Претседателот Ѓорге Иванов во градот на модата, Париз. Претседателот Иванов, со сопругата, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, во Париз присуствуваше на одбележувањето на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.

Маја Иванова, како дневна комбинација избра костум во бордо боја, а за вечерниот прием облече тегет комплет со тантела. На официјалниот Фејсбук профил на Претседателот Иванов се објавени фотографии на првата дама на Македонија со првата дама на САД, Меланија Трамп, облечена во тренди сив костум. 

Иванови, на средбата во Париз се фотографираа и со рускиот претседател Владимир Путин и со германската канцеларка Ангела Меркел. Меркел, која е позната во своите палта во весели бои, овој пат облече класично, црно. 

Фото: Официјален Фејсбук профил на Ѓорге Иванов