Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Стилски усогласени: Ирина Шајк и ќерката на прошетка
Ирина Шајк неодамна помина низ турбулентен период поради прекинувањето на четиригодишната врска со холивудскиот актер Бредли Купер. Но славната манекенка продолжи со својот живот и и се посвети на ќерката Леа де Сина.
По работната недела во Милано, рускиот топ модел се врати во Њујорк за да биде со ќерката која ја има од врската со Купер.
Ирина е забележана на улиците во Њујорк, во супер расположение и растрчана околу ќерка си. Таа носи фустан кој чини 600 евра, а преку зелен „Барбери“ мантил. Аутфитот е заокружен со чизмите од „Шанел“.
Имено двете се модно усогласени во црно и имаат гумени чизми.