(ФОТО) Таен моден детаљ ѝ носи среќа на Џенифер Лопез

Добивај вести на Viber

Џенифер Лопез го откри клучот на својата среќа. Латино-ѕвездата неодамна ја покажа специјалната амајлија за која вели дека ја штити на важните настапи и во приватниот живот.

Џеј Ло на своите штикли има интерсен моден детаљ, мал катанец. „Ова е клучот на мојата среќа, но не го давам секому“, изјави пејачката и актерка. Белите штикли со катанецот таа ги прошета низ Мајами, со сопругот, безбол играчот Алекс Родригез.

Ги искомбинира со розов фустан и за неа препознатливиот длабок шлиц и дискретен накит.