(ФОТО) Татјана Лазаревска како Лејди Гага

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска секогаш привлекува внимание со својот имиџ и избор на облека на кои многу внимава.

Во мини фустан во розова боја, пејачката се појави на една забава во Мелбурн, Австралија, каде што со сопругот, фолк-пејачот Новица Василевски и со синовите Петар и Стефан живее од почетокот на 2015 година. 

Фустанот го искомбинира со сребрени штикли, тегет чанта и дискретен накит. Сите нејзини пријатели под фотографијата дадоа позитивни коментари за нејзиниот изглед.

„Многу си ми убава, како пејачката Лејди Гага“, е еден од коментарите на пријателка на Татјана.