(ФОТО) Татјана Стојановска e иста како мајка си
Татјана Стојановска е дефинитивно една од најубавите ТВ презентерки во Македонија. Нејзината убавина се истакна уште на млади години додека беше манекенка и ја освои титулата Мис на Македонија во 1992-ра година.
Таа пред неколку дена сподели фотографија со својата мајка која собра стотици коментари и лајкови. Дел од пријателите се согласија дека убавината ја наследила од мајка си и дека „крушата под круша паѓа“.
Претпознатлива по својата харизма и насмевка, Татјана за Женски Магазин откри какви ритуали за убавина практикува.
Таа вели дека заштитен знак и е црвениот кармин и затоа има задолжително место во нејзиниот несесер.
- Имам бел тен и темна коса и затоа можам да си дозволам појак кармин. Кармините во боја на нугат и кафеавите нијанси не ми стојат и не ги користам. Сенката за очи најчесто е црна и бела. А понекогаш ставам и сина или лилава кои ми прилегаат, но многу ретко кафеава затоа што ми дава уморен изглед на лицето- додава.