Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Тијана во хит-фустан кој можете да го имате и вие
„Само музиката може да помогне на 45 степени. А на вас, што ви помага да ги преживеете овие горештини?“, вели Тијана Дапчевиќ која вчера во Белград снимаше нов спот.
Тијана објави фотографија со своето виолончело облечена во долг фустан со интересен принт со пеперутки кој е еден од хитовите за оваа сезона.
„Многу работи никогаш не сум, но со Бошко секогаш со задоволство снимам спотови затоа што- има ли кој поубав? Трет спот по ред (за мојата нова песна) „Никогаш не сум“ која ја напиша Драган Брајовиќ-Браја по идеја на Весна Дедиќ“, напиша Тијана до фотографијата со својот пријател, познатиот водител, манекен и дизајнер Бошко Јаковљевиќ.
Сличен модел фустан како на Тијана можете да имате и вие. Се продава во Parfoais за 2.990 денари.