(ФОТО) Топ 3 елегантни комбинации за оваа пролет
„Bella“ оваа пролет направи комлетно освежување со новата колекција, следејќи ги светските трендови, бои и модни стилови кои ќе бидат ИН.
Модните парчиња имаат совршен баланс помеѓу живи и впечатливи бои и покежуал кроеви, па сѐ до неутрални тонови со префинети додатоци, рачно изработени детали кои ќе Ве направат впечатливи во бизнис круговите.
Токму таква е последната колекција „Кајла Лур“, која е веќе во продажните салони, а наскоро ќе можете сите парчиња да си ги купите и он-лајн.
Ги издвоивме следниве топ три елегантни комбинации:
1. Комбинезон во нежна бежова боја
Парче со кое сте облечени од глава до пети, а притоа сте елегантна и модерна. Ова е одличен избор и за свечени пригоди.
2. Едноставен кариран фустан
Ова е фустанот на сезоната, фустанот кој е слика за модерна елегантна дама. Неговата едноставност и умереност во дизајнот, стои одлично на секоја фигура.
3. Модерен кариран комплет (палто, блуза, задолниште)
Комплетот што секоја деловна дама треба да го има во својот гардеробер оваа пролет. Станува збор за три парчиња облека кои може да се носат и одделно во најразлични комбинации.
Модели: Вера Мештеровиќ и Викторија Пеовска
Фото: Марко Маркоски