Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Топ 5 трендови кои ќе ги обожавате оваа пролет
Диктаторите на
мода, одлучија што ќе биде тренд претстојнава пролет.
Дезен со точки
Во сите бои, големини и во различни форми, овој дезен ќе биде еден од водечките оваа пролет.
Кожа во боја
Иако кога станува збор за (еко)кожа, навикнати сме да ја носиме во црна боја најчесто во зимска варијанта, оваа пролет кожните парчиња облека во боја ќе бидат број еден.
Бралети
Од најразлични материјали, со дезен или без, транспарентните градници ќе продолжат да бидат „ин“ и оваа пролет.
Јаже – каиш
Додадете јаже-каиш на вашиот аутфит и вашиот стајлинг ќе добие потполно нова димензија.
Бел костим
Монохроматските сетови се доста актуелни во последно време, особено тренди оваа сезона ќе бидат оние во бела боја.