(ФОТО) Три дена феноменален моден двобој: Кралицата Летиција и првата дама на Аргентина Џулијана Авада
Шпанскиот крал Фелипе и кралицата Летиција ја завршија својата прва официјална посета на Аргентина. Во текот на три дена тие беа гости на аргентинската претседателска двојка Маурицио Макриј и неговата сопруга Џулијана Авада.
Двете дами, кралицата Летиција и првата дама на Аргентина, Џулијана важат за едни од најдобро облечените жени во светот, па нивниот долгоочекуван моден двобој, прикажа совршени стајлинзи.
Кралицата Летиција во Аргентина слета во едноставен светлосин фустан, салонки и чанта во неутрална нијанса, со кои баш не ги воодушеви модните критичари.
Сепак првиот ден, за свечената церемонија, Летиција му се врати на својот вообичаен стил и се појави во нежна елегантна комбинација. За првата средба на модерните дами, Џулијана избра темносин фустан со бели точки, во кој изгледаше грациозно и многу елегантно.
Следниот ден, Летиција одлучи да покаже дека за добар стил не се потребни многу пари, па се појави во модерен портокалов комплет од познат комерцијален бренд. Едноставниот комплет го украси со скапоцен брош, кој го доби на подарок од првата дама на Домениканската Република, Кандида Монтија де Медина.
Во овој моден двобој, Џулијана Авада се појави во неславна комбинација од здолниште и блуза со различни дезени. Кафеав каиш и салонки на ниска пета во иста боја, го направија ова издание уште полошо, а обожавателите на стилот на првата дама на Аргентина се запрашаа што се случило со неа.
Вечерта, Летиција се појави во елегантна тоалета со потпис на Каролина Херера, и покрај длабокото деколте, сепак остави добар моден впечаток. Од другата страна, на Џулијана дефинитивно не и беше денот, па се појави во долга црвена тоалета со неславен крој, кој ја рашири нејзината витка линија, а уште полошо беше што финишот со салонки и чанта беше во истата црвена боја.
Третиот и последен ден од посетата, двете дами изгледаа прекрасно. Џулијана му се врати на својот стил и се појави во ефектна светкава комбинација, додека Летиција во црвен топ фустан. Двете беа елегантни и тешко е да се одлучи која подобро изгледаше.