(ФОТО) Тројца мажи околу Елена Ристеска
Тројца познати личности глумат во новиот спот на Елена Ристеска, за новата песна „Снаге за крај“. Во видеото, кое е снимано во Македонската опера и балет, Елена си се глуми себе си, а во гардеробата на МОБ, пред настап ја разубавуваат нејзиниот стилист Даниел Николовски, водителот Ване Маркоски и моделот Мики Недиќ.
Новиот сингл на Елена на српски јазик е песна од познатиот црногорски кантавтор Сергеј Ќетковиќ. Елена уште пред неколку години ја најави соработката со Сергеј, кој е автор на музиката и на текстот. Аранжманот и продукцијата се на Дарко Димитров.
Со новата песна, Елена се враќа на српскиот музички пазар, каде што стана миленичка на публиката откако го освои второто место во шоуто „Твоето лице звучи познато“ во 2015 година.
Во спотот, танчари и актери се и Ивана Балабанова, Леонардо Хусеини, Ана Марија Темелковска и Мартин Атанасовски.