Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Турунџиева елегантна, во тон со ќерката
Водителката Сузана Турунџиева во елегантно издание се појави на роденденот на „1 ТВ“ во Македонската Филхармонија во друштво на нејзината ќерка Матеа, која има неполни 9 години.
Сузана дојде во црн коктел фустан и палто, кои ги надополни со црвени детали, накит и чанта во иста боја. Таа беше во тон со нејзината ќерка.
На настанот, со Турунџиева и со ќерката не дојде постарата сестра на Матеа, Лора, која се породи пред неполн месец.
Откако Лора и нејзиниот Филип станаа родители на Јаков, Сузана за „Женски магазин“ изјави дека нејзината ќерка е голем херој и оти со раѓањето на внукот, почнува нов, убав период за целото семејство.
Фото: 1 ТВ