Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Удобен и пролетен: Ева Мендез згодна и во кошула-фустан
Ева Мендез години наназад дизајнира гардероба за американскиот бренд „New York & Company", па прошета во една своја пролетна креација.
45-годишната актерка гордо го износи кошула-фустан моделот, изработен од памук, кој на половината се врзува со каиш и е дел од нејзината пролетна колекција која пред неколку недели беше промовирана во Калифорнија.
Овој памучен фустан се продава по цена од 62 долари е многу удобен и лежерен, идеален за овој период од годината.
- Обожавам линии. Кога и да можам, ги додавам во некое модно парче- изјави Ева.