(ФОТО) Уште чекам да пораснам: Снеже Велков во тренди пролетна комбинација
Водителката и пилатес инструкторка Снеже Велков, денеска слави роденден. На Снеже ретко кој би ѝ дал 37 години, поради младешкиот изглед и стилот кој го негува. На својот Инстаграм профил, Велков објави весела фотографија и интересна порака:
„ Полни 37 години! И уште чекам да пораснам. Барем уште 7 сантиметри“, рече водителката на емисијата „Вип на еден ден“. Жолтата боја е една од омилените на Снеже, а препознатлива е по тоа што еднобојните куси фустани ги комбинира со шарени чевли на високи потпетици.
„Се обидувам да ги гледам низ камерата, кога го правам интервујто со учесничките за да си ја задржам професионалноста, а солзите си ги чувам кога го пишувам сценариото и ја правиме монтажата. Се воздржувам и од причина што сакам да знаат дека сме тука да бидеме силни за нив и со нив, и секогаш пред мене си ја гледам онаа крајната слика на средена и убава учесничка“, изјави таа неодамна за Женски магазин.