(ФОТО) Утка на деценијата: Најлошото модно издание на Северина

Добивај вести на Viber

Северина Којиќ денеска го промовираше новиот албум „Хало“, на кој меѓу 17-те песни веќе има седум познати хитови и десет сосема нови, потенцијални. Точно на пладне, хрватската ѕвезда го промoвираше спотот за насловната тема.

Облечена во ултра куси пантолони во висок струк како во шеесетите години и само по градник во горниот дел, Севе повторно е во центарот на вниманието во регионалните медиуми. Иако веќе подолго време важи за стилска икона, некои од медиумите се присетија на нејзиното најлошо модно издание во кариерата.

Северина, на еден настан во 2016 година, се појави во сино-бела морнарска маица и зелено-црна сукња со принт од банана. Згора на тоа, во рацете носеше мала дречливо жолта чанта.

„Ова беше комбинација која може да се нарече утка на деценијата.“, коментираат хрватските модни медиуми.