(ФОТО) РОДЕНДЕНСКА ЖУРКА НА ВИКТОРИЈА БЕКАМ: Дизајнерката во совршени комбинции
Вики кога слави роденден, едно е сигурно-најдобриот семеен портрет е загарантиран!
Нашата 24ч инспирација и една од најомилените модни дами на денешницата-Викторија Бекам завчера го прослави 44-от роденден во Лос Анџелес. Денот беше предвиден за прослава со семејството, додека вечерта ја резервирала за вечера со својата посилна половина-екс фудбалерот Дејвид Бекам.
И двете роденденски комбинации кои ги облекла, беа предмет на интерес на модните медиуми, бидејќи не само што и овде се претстави како најдобра амбасадорка на својот бренд, туку останала доследна на едноставните, а ефектни парчиња.
Таа на Инстаграм објави семејна фотка каде позира со децата од „глава до пети“ во бела комбинација.
Белиот комплет е дополнет со интересна јакна која во исто време игра улога на блејзер и кошула, додека со пуштената коса и нагласен хајлајтер на образите и во бјути сегмент Викторија блескаше.
Пред моментот со панталоните, Вики со семејството и гостите (Ева Лонгорија не ја пропушти забавата на најдобрата пријателка ни во бременоста) се дружеше во бела сукња , под која ѕиркаа прекрасни лаванда салонки.
За вечерната прослава госпоѓата Бекам за својот роденден се одлучила за нежна варијанта-розе миди фустан од свила. Едноставен крој на креација со кимоно ракави, Бекам ја надополни со сандали во пудра боја и браон чанта која ја носеше во раце.
За разлика од претходните варијанти кои подразбираа стилизација и во поглед на фризурата и шминката-овде дизајнерката се одлучила за messy ниска пунџа, додека погледот го сокрила зад својот заштитен знак- oversize наочари.