(ФОТО) ВЕЧНА КЛАСИКА: 10 прекрасни фустани од модната куќа Givenchy
Ибер де Живанши е роден во 1927 година, својата модна куќа ја основал во 1952 , а во 1995 година отиде во пензија.
Во текот на четири децении, Живанши стана омилен диџајнер на многу ѕвезди, создавајќи за нив најфини и незаборавни креации. На десети март големиот креатор не напушти засекогаш во својата 92 година оставајќи зад себе единствено модно наследство.
Креаторот исто така е познат и по големото пријателство со актерката Одри Хепберн. Тој го креирал легендарниот црн фустан за Одри, поточно за филмот „Појадок кај Тифани“ и е познато дека била негова муза на сите овие години.
Меѓутоа, фустаните на модната куќа Givenchy ја сакале и други познати холивудски ѕвезди на денешницата. Кои фустани од оваа модна куќа се запаметени во текот на сите овие години предлагаме да погледнете во галеријата.