(ФОТО) Вечно во тренд: Три фустани кои мора секоја жена да ги има

Добивај вести на Viber

Трендовите доаѓаат и си одат, љубителите на модата слепо ги следат, а вистинските дами кои изградиле свој стил не трчаат по парчиња кои траат само една сезона, но сакаат квалитетна класика.

Кога станува збор за пролетта, постојат три класични фустани, кои имаат дезен што се носи баш секоја година.

Фустан со точки

Вечен дезен кој се носи и оваа година на фустани, блузи, здолништа, панталони. Сепак фустанот е број еден. Изберете должина и крој што најдобро ви стои и подготвени сте за секоја прилика.

Фустан со линии

Го има во безброј комбинации и бои, а на некој начин фустанот со линии е симбол на сончевото време.

Цветен фустан

Цветниот фустан е парче кое мора да го имате во пролетните деноци. Идеален е за секоја пригода, а без разлика на креацијата изгледа „романтично“ и секси.