(ФОТО) ВЕЛИГДЕНСКИ ВЕНЧИЊА кои ќе ги обожавате

Венчето е декоративен елемент кој најчесто го изработуваме за време на празници-Божиќ и Велигден, кога сакаме дополнително да ја нагласиме свечената атомсфера. Можеме да го изработиме од хартија, гранчиња, цвеќе, светилки, јајца и зајчиња. 

Со нив можеме да ги декорираме вратите, прозорците, столиците, масата, каминот или некој друг простор . Во продолжение погледнете неколку интересни венчиња кои ги пронајдовме на интернет и ако веќе немате свое венче, имате време да го изработите. Среќно!