(ФОТО) Внуките ѝ се слабост: Елена Стефановска е супер тетка

Добивај вести на Viber

Македонската ТВ водителка Елена Стефановска веќе со години е позната по својата емисија „Живот со стил“. Таа често патува во Хрватска кај својата сестра и внуките. 

Елена обожава да споделува фотографии со своите внуки, кои уште од мали имаат вкус за мода и наликуваат на неа.

- Морам да се пофалам дека сум горда тетка на две прекрасни девојчиња Лара и Дора. Тие моментално се мојот свет. Би сакала да ја искусам и другата страна од животот, секако дека би сакала да се реализирам во улога на мајка која сметам дека е најважната улога на секоја жена. Ако веќе ме прашувате си посакувам најмалку две деца, бидејќи се вистинско богатство- откри претходно водителката за Женски Магазин.