Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Во црвено од глава до пети: Бијонсе е дефиниција за сексапил
Американската пејачка Бијонсе на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои носи интересен потполно црвен аутфит во кој изгледа како дефиниција за сексапил и женственост.
Популарната пејачка искомбинира црвен сако-фустан, под кој не облече градник, и високи чизми во иста боја, а двете парчиња ги красат сошиени бисери.
Изгледот го пополни со бисерни обетки и со проѕирна „Шанел“ чанта, а се одлучи за природна нежна шминка во крем нијанса.