(ФОТО) Вратоврската е штетна за бизнисот: Ципрас пак лежерно облечен во Скопје

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас не го сака традиционалниот стил на облекување на европските политичари, и упорно одбива да стави вратоврска.

Ципрас утрово пристигна во официјална посета на земјава, во друштво на министри и грчки бизнисмени. Го пречека премиерот Зоран Заев.

Ципрас, откако стана премиер во 2015 година, на официјален настан не се појавил со вратоврска, а неговиот лежерен стил почнаа да го поддржуваат и дел од останатите министри во грчката Влада. Во една прилика, поранешниот претседател на европскиот парламент, германскиот политичар Мартин Шулц, се пошегува на сметка лежерниот стил на Ципрас. Поранешниот италијански премиер Матео Ренци му подари италијанска кравата, и на шега му рече да ја стави кога Грција конечно ќе излезе од финансиската криза. 

Ципрас и Заев, денеска во Скопје 

Овој гест беше во контекст на наводната изјава на Ципрас, дека ќе стави вратоврска кога Грција ќе постигне спогодба за намалување на долгот. 

Најновите истражувања на психолозите велат дека овој моден детаљ е всушност штетен, затоа што ги намалува деловните способности кај мажот. Притисокот на крвните садови во вратот кој вратоврската го намалува протокот на крвта, а со самото тоа и кислородот во мозокот. 

Фото: Катимерини.гр, Гети