(Фотогалерија) Ѕирнавме зад камерите за време на снимањето на видео спотот на Македонски Телеком
Сонце, море, плажа, бескрајно синило и... АКЦИЈА! Вака отприлика изгледала атмосферата зад камерите за време на снимањето на последниот видео спот во кој главната улога ја има нашата позната актерка Јелена Јованова. Рекламата којашто е актуелна за последната роаминг понуда на Телеком, деновиве го привлекува вниманието на граѓаните не само поради атрактивноста на понудата, туку и поради лежерноста, амбиентот, локацијата на снимањето, секако и поради позитивниот лик и харизмата на Јелена.
За многумина од нас кои се прашуваат како воопшто се одвива снимањето реклами, дознавме дека овојпат сѐ траело само еден ден во стариот дел од градот Котор и неговата околина и течело одлично, иако почетокот на денот не ветувал многу.
„Започнавме со снимање во 05 часот наутро и како за беља нè пречека тмурно и дождливо време. Но, како што вели старата анегдота, по дождот изгрева сонце. Така беше и во нашиот случај. Среќата ни се насмевна и набрзо излезе сонцето кое ни даде дополнителен елан да ги снимиме предвидените кадри“, ни раскажаа од екипата одговорна за снимањето на рекламата.
Што се однесува, пак, за соработката со Јелена, нивното задоволство е очигледно:
„Нејзиниот живот полн со патувања, обврски и честа комбинација на работа и одмор за нас беше одличен мотив за да ја поистоветиме со роаминг кампањата на Телеком. Јелена е голем професионалец и сѐ течеше беспрекорно, иако можеби на моменти топлото време сите нѐ истошти. Прекрасниот јадрански амбиент одлично ни „легна“ и можам да заклучам дека ова беше едно навистина возбудливо и забавно снимање каде што локацијата исто така придонесе за магичноста на кадрите“, велат од тимот.
Во продолжение ви овозможуваме да ѕирнете на сетот за време на снимањето, како и да почувствувате дел од атмосферата на целата екипа.