Животна училница // Приказни
Фотографии кои болат: Биба Додева позитивна на ковид-19, преку стаклото од прозорот го „гали“ внукот
„Време на КОВИД 19.
Дај Боже да помине поскоро“ - болат овие зборови, а уште повеќе болат фотографиите кои Биба Додева ги сподели на нејзиниот Инстаграм профил и, даде до знаење дека е позитивна на коронавирусот.
На фотографиите Биба Додева го „гали“ и си зборува со внукот Александар, од ќерката Емануела, преку стаклото од прозорецот.
За жал ова е сликата која ја создаде новата нормалност, и релност која ја живеат луѓето ширум светот, оттуѓувајќи се од најблиските, од најсаканите поради вирусот кој никако да замине.
Неодамна на промоцијата на нејзиниот албум, за Женски магазин, Биба изјави дека внукот Александар ѝ е најголема поддршка.