Фотографија од породување остава без зборови: Коските на грбот покажуваат што сè може да направи женското тело

Колку е телото на жената е неверојатно, најдобро говори чинот на породување.

Доволно фасцинантен е фактот што за време на бременоста сите органи се распоредени така што матката има доволно простор за бебето да расте и да се развие до тежината кога е подготвено за раѓање, додека самото раѓање е неверојатен доказ колку женското тело може да се прилагоди и што сè може да направи.

Здружението Дулас од Северен Далас и Центарот за бременост и породување во Луизијана споделија моќна фотографија од жена која се пораѓа, на Инстаграм и Фејсбук, на која се гледа грбот на жената и што навистина се случува со нејзините коски, грб и тело за време на раѓањето на новороденчето.

Заедно со фотографијата напишаа: „Нашите тела се неверојатни! Прекрасно е што сме сведоци на оваа величественост!"

„Кога жената се наведнува напред, без разлика дали стои исправено или на раце и колена, ќе видите испакнатина на грбот, односно под половината. Тоа е многу помоќно отколку што мислите“, објасни д-р Сара Викам во описот на фотографијата на Инстаграм.


извор:zenablic