Фотографија од жена по породувањето го обиколи светот и на мајките им испрати важна порака: Сега сите ги споделуваат искуствата од породилиштата

Самото гледање на оваа фотографија ќе предизвика бура од емоции кај секоја жена што се породила.

Мајка на четири деца објави фотографија направена по породувањето пред неколку години, а таа се уште се споделува на социјалните мрежи.

Џил Краус, писателка и мајка на четири деца, ја сподели својата фотографија и напиша за искуството кое никогаш нема да го заборави, заблагодарувајќи му се на медицинскиот персонал кој најмногу им помага на жените по породувањето. 


- Никогаш нема да ги заборавам лицата на медицинските сестри кои ме следеа до тоалетот. Тие моменти кога бев ранлива, премногу уморна, исплашена и кога моето достоинство го немаше, се однесуваа со мене со грижа и почит. За мене беше момент на охрабрување и потврда дека имам кој да ми помогне, макар и за тоа кратко време во тоалет додека сестрата ми објаснуваше како да ставам ладни облоги. Оваа фотографија ме врати во тоа време, како повторно да ги чувствувам тие ладни облоги. Секоја чест за сите медицински сестри“, напиша Џил во својата кратка исповед. Нејзината фотографија ги поттикна другите мајки да пишуваат за нивните искуства од овие тешки денови на закрепнување по раѓањето на нивните наследници.

„Никогаш нема да заборавам како го тргнав лицето од градите на сестрата која ми помогна по породувањето и ја видов нејзината маица која беше целосно натопена со солзи и пот. Ѝ кажав дека ми е жал, а таа ми одговори: „Драга, ова е живот на мојата маица, јас не би менувала ништо“, раскажа една мајка, додека друга додаде:

„Секогаш ќе се сеќавам на сестрата која ми помогна да одам во тоалет за прв пат по породувањето. Крварев и се чувствував ужасно понижено, но таа не трепна. Постојано се извинував, а таа ме уверуваше дека тоа не е проблем. Никогаш нема да заборавам како ми ги чистеше стапалата и тогаш сфатив дека Бог го мислел токму тоа кога рекол да ги сакаме и да се грижиме за ближните“.


извор:zenskikutak

Исповед на еден татко: „Еднаш, цел еден ден бев мајка - за малку ќе полудев!“