Фотографот на Vogue доаѓа во Македонија

Добивај вести на Viber

На 16 февруари, на покана на Академија за графички дизајн и адвертајзинг ( линк тука https://www.creativehub.mk/akademija-za-grafichki-dizajn ) на Creative Hub во Скопје доаѓа италијанскиот фотограф Алесандро Капочио.

Организаторите на Академијата за графички дизајн стапија во контакт со Капочио за време на фотосесија на Есте Лаудер во Милано во декември месец каде се роди и идејата за организација на првиот настан со светски познати модни фотографи од овој вид.

Со повеќе од 20 години работно искуство и адреси на живеење во Париз, Токио и Лос Анџелес, Алесандро стои позади бројни фотосесии за најпознатите модни магазини како Вог, Харперс Базар, Конде Наст итн.

Во Скопје доаѓа да оддржи популарно кажано еднодневен “Photography Masterclass” на кој ќе го пренесе искуството и техниките на фотографирање, како и дел од животните приказни и соработки со моделот на Викторија Сикрет Миранда Кер, модната инфлуенсерка Ана Дело Русо, светскиот фотограф Марио Тестино и многу други.


„Огромна е честа да се донесе фотограф кој има работено со светски модели и на свески познати кампањи, а кој покрај овие проекти најде време да биде наш гостин во Скопје. Ние како центар се стремиме на Академијата за графички дизајн да предаваат арт директори, фотографи и креативни директори од најголемите маркетинг компании во Македонија. Но покрај тоа сакаме да дадеме и додадена вредност токму преку еднодневни предавања со искусни професионалци од светот како Алесандро” изјавија организаторите на настанот.

Настанот ќе се одржи во новите простории на Creative Hub на Рајко Жинзифов бр.20 и е со почеток од 10 часот наутро.


 Во организација на Академија за графички дизајн и адвертајзинг на Creative Hub картите за настанот ќе може да се купат по промотивна цена  од 4310 МКД до 1 февруари на https://shop.creativehub.mk/photography-masterclass .  Повеќе информации можете да добиете на 071 214 849.