Фотошоп или естетски корекции - Северина претера: Сите гледаат со неверување во нејзиното лице (ФОТО)

Фотошоп или естетски корекции? Со што претерала Северина?!

Хрватската поп ѕвезда привлекува големо внимание кај јавноста, па не е чудно што изгледот на Северина Вучковиќ секогаш е мета на коментари, а нејзиниот живот е една од главните теми на медиумите.

Многу помладите колешки на Северина која е во петтата деценија од животот можат да ѝ позавидат на нејзината фантастична линија, а многумина ја сметаат за една од најубавите и најхаризматичните жени на нашите простори, Но сега нејзините нови фотки на Инстаграм ги издаваат новите промени на нејзиното лице.

Реакциите на фановите беа поделени и додека повеќето од нив суперлативно ја коментираа пејачката, имаше и поединци кои веруваат дека таа премногу се препушта во рацете на естетските хирурзи и дека овој пат претерала со ботоксот затоа што изгледа непрепознатливо. Други пак сметаат дека пејачката користи многу Фотошоп и ефекти за разубавување.



Сепак, Севе еднаш изјави дека го корегирала само носот.

- На 20 години го оперирав носот, ме убеди докторот. Не беше подгрбавен или грд. После операцијата имав проблеми со дишењето, не пред тоа. Потоа престанав со операции - изјави еднаш хрватската поп ѕвезда за медиумите. 

Зошто сега образите на Северина изгледаат пополнети ќе остане нејзина мала тајна, а судејќи по доброто расположение и насмевката, би се рекло дека е прилично среќна во сопствената кожа.


извоp:stil.kurir