По Нина Бадриќ и Северина облече фустан кој потсетува на мини венчаница: Може да биде супер избор за идните невести

Добивај вести на Viber

Северина ни претстави нов, предизвикувачки стајлинг кој одлично ѝ прилега, а може да биде супер избор за идните невести.

Северина Вучковиќ е честа тема кога е модата во прашање, а својот вкус го докажала безброј пати, па и сега не престанува да воодушевува со својот изглед.

Откако Нина Бадриќ го прослави роденденот во фустан кој наликува на мини венчаница, и Севе се одлучи за креација во тој стил.

Пејачката своите настапи ги започна на приморје, а дека летото ѝ е идеално покажа со фотографии од клубот каде атмосферата ја доведе до максимум, но и постави нов моден стандард со фустанот.

Од Северина сме навикнати и на предизвикувачки и на скромни, елегантни и лежерни комбинации, може да носи се', вклучувајќи го и овој бел краток фустан со необични детали кои го прават посебен.


Нејзиниот едноставен фустан има огромна машна околу вратот која наликува на огрлица и изгледа многу ефикасно, а слични набори има и на десната страна од фустанот, а целата комбинација ја усогласи со елегантни бели сандали и ниско опавче кое ѝ прилега совршено.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)


Северина на своите настапи секогаш демонстрира неверојатно чувство за мода и елеганција, а тоа го прави и на приватни патувања, па редовно уживаме во тоалетите на пејачката и ги крадеме нејзините идеи кои се секогаш совршени и оригинални.

извор:GLOSSY