Најубавата природна жена во регионот наполни 50 години, а Балканот зборува за нејзиниот роденденски фустан: Наликува на микро венчаница и изгледа фантастично
Пејачката Нина Бадриќ го прослави својот јубилеен 50-ти
роденден, а славната Хрватка
шестата деценија ја прослави со спектакуларна прослава во познат ресторан во Загреб.
Убавата бринета на својата роденденска забава покани дури 140 гости, меѓу кои и многу познати фаци, а гостите ги пречека романтична атмосфера со медитерански шмек благодарение на специјалната декорација направена од зеленило, лаванда и чинии исполнети со лимони. И сето тоа со добра храна и музика!
А Нина навистина блесна и уште еднаш докажа дека со право го носи прекарот на балканската Моника Белуча, но и балканската Џеј Ло. Пејачката со години е доследна на својот стил исто како и овие две дами, а како и тие остана доследна на себе и не претеруваше со естетските корекции. Затоа често ја нарекуваат најубава природна жена на балканската естрада.
Бадриќ за роденденската прослава избрала совршен бел фустан од српскиот дизајнер Михан Момоса, а се работи за кратка креација која ја следи линијата на телото и на неа е сошиен предимензиониран цвет од тул.
Нина изданието го комплетираше со светкаво чокер ланче и модерни влечки со висока потпетица изработени од ПВЦ пластика, а имаше и гламурозна фризура - косата ја врза во ниско опавче и ја извитка во раскошни локни.
Оваа 50-годишна жена истакна дека нејзиниот добар изглед е резултат на дисциплинирана грижа за сопственото тело.
„Јас сум вегетаријанец, не јадам месо или животински производи, освен малку риба. Мојот дух е 25 години и претпоставувам дека затоа на многу луѓе им изгледам помладо. Сите сме убави на 25 години, но се гледа како живееме во педесеттите“, изјави во една прилика Нина.