Моден фокус // Трендови
(ФОТО+ВИДЕО) Изгубија но со стил: Колинда упати благодарност на руски јазик
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ заедно со сопругот Јаков и во друштво на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит пристигнаа во Москва каде од стадион ги бодреа своите репрезентации.
Иако Хрватите изгубија со 4: 2 од Франција сепак останаа доследни на добрата игра до самиот крај. Јавниот превоз утре во Хрватска ќе биде бесплатен за пречек на фудбалерите, а од утринава Москва е исполнета со голем број навивачи, кои дојдоа за поддршка на своите репрезентации во финалето на СП.
Пред натпреварот Колинда се сретна и со рускиот претседател Владимир Путин, но тоа што посебно го привлече вниманието на јавноста е видеото на кое таа зборува на руски јазик за да се заблагодари за гостопримството.