Фризерка и шминкерка ги здружија силите па направија жените да изгледаат и до 10 години помладо (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Многу жени знаат дека добрата фризура и малку шминка можат да направат чудо

Шминкерите станаа вистински уметници и тоа го докажуваат речиси секој ден со фотографии од нивните задоволни клиенти. Многу жени имаат желба да изгледаат беспрекорно и да ги покријат малите несовршености на кожата, а со шминка, тоа е всушност возможно.


Покрај шминката, тука е и фризурата, а вообичаено е мислењето дека кога жената сака да направи голема промена во својот живот, прво започнува со косата.

Моќта на шминката и фризурите ја докажуваат и жените од Русија, кои одлучија да ги здружат силите и да им помогнат на дамите да се чувствуваат подобро и да изгледаат поубаво.

Шминкерката Оксана Трунова и фризерот Олга Тарасова направија многу жени среќни со нивната напорна работа и вештини и вратија насмевка на нивните лица.


Тие споделија дел од своите дела на социјалната мрежа Инстаграм, каде ги следат повеќе од 40.000 луѓе.

Во галеријата издвоивме некои од најзначајните дела на Оксана и Олга, а она што е неспорно е дека жените на фотографиите по трансформацијата се видно задоволни.

Дали ви се допаѓаат овие трансформации? Споделете го вашето мислење со нас во коментарите ...


изввор/фото: телеграф.рс/Инстаграм