Функцијата електрокардиограм сега е активна за корисниците на Huawei Watch GT 3 Pro на македонскиот пазар

Добивај вести на Viber

Создаден со цел да им помогне на корисниците да бидат повеќе свесни за сопственото здравје, часовникот HUAWEI WATCH GT 3 Pro има и високотехнолошки сензор и модул за составување на електрокардиограм на срцето. Ја прикажува анализата во реално време на синусниот ритам и артериската фибрилација, наречена и атријална фибрилација, а функцијата на електрокардиограм сега е достапна по ажурирањето на апликацијата Health на паметниот телефон и на самиот паметен часовник.

Електрокардиограмот се користи за да се идентификуваат голем број здравствени проблеми, вклучително и нарушувања на срцевиот ритам. Со машката и женската верзија на HUAWEI WATCH GT 3 Pro, мерењето станува исклучително лесно, во секое време. Доволно е да го ставите прстот на долното копче (електрода), под контролната круна на часовникот од страната на куќиштето, во опуштена положба 30 секунди. Сите потребни инструкции се визуелизирани и на екранот на часовникот. Резултатите се појавуваат веднаш потоа на екранот на часовникот, а исто така и во апликацијата Huawei Health на паметниот телефон.

Историјата на мерења се зачувува во апликацијата Health, а оттаму електрокардиограмот може да се испрати по е-пошта, вашата омилена апликација за пораки и други апликации.

Истиот сензор се користи и за откривање на потенцијалниот развој на атеросклероза врз основа на Артериска вкочанетост (Arterial Stiffness), што се прави преку посебна апликација на часовникот и исто така се прикажува и акумулира податоци во апликацијата Health. Овој параметар дополнително помага да се одржи добрата состојба на кардиоваскуларниот систем.

Новата технологија на електродите на HUAWEI WATCH GT 3 Pro го олеснува и прецизира откривањето на сигналот на електрокардиограмот. Со технологијата за следење на пулсот TruSeen™ 5.0+и електродите обложени со PVD во заобленото куќиште, високотехнолошката карактеристика користи осум фотоелектроди во облик на прстен за прецизно откривање на дадениот сигнал и филтрирање на пречки. Со оваа напредна технологија, отчукувањата на срцето се следат 24/7 и корисникот може веднаш да добива предупредувања за алармантни абнормалности на срцевиот ритам.

Составувањето електрокардиограм, веќе достапно на македонскиот пазар, не е единствената функција за следење на здравствените параметри со која може да се пофали HUAWEI WATCH GT 3 Pro. Часовникот може да ја мери и заситеноста со кислород во крвта, а заедно со Huawei TruSeen™ 5.0+ за прецизно следење на отчукувањата на срцето, има и HUAWEI TruSleep™ 2.0 за следење на квалитетот на спиењето. Уредот има и функции за следење на нивото на стрес, поставување параметри за здрав живот, потсетници за обврски и задачи, и друго.[1]

Серијата HUAWEI WATCH GT 3 може лесно да се поврзе со кој било паметен телефон, со Android и со iOS. Истото важи и за апликацијата HUAWEI Health, која е достапна за двете платформи, а за паметните телефони со Android се препорачува прво да се преземе AppGallery, а потоа Health.

----------------------------------------

Што треба да знаете пред да ја користите апликацијата ЕЦГ:

Се согласувате да ја користите оваа ЕЦГ апликација во согласност со сите Вам достапни упатства. Секоја апликација, функција, карактеристика, или компонента кои се достапни преки ЕЦГ апликацијата може да имаат засебни упатства за користење (вклучително, без ограничување, барање да се прекалибрира апликацијата). Се согласувате да ги прочитате и почитувате пишаните применливи упатства за користење пред употребата на таквата апликација, функција, карактеристика, или компонента.

Апликацијата ЕЦГ не треба да се користи за дијагностички цели, ниту треба да се прифаќа за замена за примарна здравствена грижа од доктор и не може да детектира срцев удар, тромб или мозочен удар. Доколку не се чувствувате добро или имате било каков симптом од погоре наведените состојби, веднаш побарајте медицинска грижа. Доколку сметате дека се работи за итен случај, упатете се во најблиската служба за итна помош.

Се согласувате да не ги толкувате информациите достапни преку ЕЦГ апликацијата како дијагностички информации, и се согласувате да не превземате клиничко лекување врз основа на тие податоци без претходно да се консултирате со стручно лице-доктор по медицина.

Се согласувате дека користењето на ЕЦГ апликацијата е на Ваш личен ризик. Запознаени сте со фактот дека ЕЦГ Апликацијата не е наменета за следните примени:

(а) да дијагностицира состојби на срцето или да бара знаци на срцев удар

(б) да замени професионални методи на дијагностика или лекување од страна на стручно лице- доктор по медицина.

(в) за луѓе кои имаат вграден пејсмејкер, вграден срцев дефилибратор, или други вградени електрични помагала.

(г) доколку имате состојба на аритмија освен онаа на атриална фибрилација.

(ж)во итни медицински случаеви или случаеви на итна потреба од медицинска грижа

(з)да пренесува здравствени информации осетливи на време.

НЕ ГИ менувајте Вашите лекови или дози без претходно да се советувате со Вашиот доктор.

Huawei не дава гаранции дека било која информација кој ќе ја добиете преку ЕЦГ апликацијата е доволно точна, сигурна, или соодветна за да биде употребена како алатка за дијагностика или терапија.

Huawei изречно одбива било каква одговорност која ќе произлезе од било какви дијагнози, следење, детектирање, третман, или активност засновани врз информациите понудени или обезбедени преку ЕЦГ апликацијата.



[1]Производот не е медицински уред. Податоците откриени од него се само за референца и не треба да се користат за медицински истражувања, дијагноза и третман.