Функционалноста на јогуртот - храна наместо медикаменти
Многу производи и суровини влегуваат во категоријата функционална храна, односно производи што покрај основната хранлива вредност го снабдуваат организмот и со дополнителни состојки што имаат здравствени придобивки. Едни од најчестите храни, оправдано наречени функционални се млечните производи односно пробиотските јогурти.
Функционален јогурт како што е Баланс+ е исклучително хранлив и редовното консумирање може да го зајакне организмот од повеќе аспекти. Функционалноста на јогуртот доаѓа од големото количество калциум што го содржи и кој не само што ја одржува густината на коските, туку и ги зајакнува. За постарите лица кои се изложени на ризик од остеопороза, чаша јогурт дневно после ручек е одлична опција.
Но, најважните состојки на јогуртот што му даваат и функционална карактеристика, како и здравствени придобивки се пробиотиците. Пробиотиците се „добрите бактерии“ кои природно се присутни во дигестивниот систем. Некои видови пробиотици кои се наоѓаат во Баланс+ јогуртот, како што се Bifidobacteria и Lactobacillus, ги намалуваат непријатните симптоми на синдромот на нервозно дебело црево (IBS), што е вообичаено нарушување. Пробиотиците во Баланс+ јогуртот се докажано ефективни во подобрување на здравјето на дигестивниот систем, како и подобрување на дигестијата на лактоза, за што има и клиничко истражување. Овој функционален производ го зајакнува метаболизмот и претставува одличен сојузник за активен живот, без стомачни тегоби.
Покрај тоа, во својот состав како примарна хранлива вредност јогуртот содржи и микроелементи како витамините Б2 и Б12 и минералите калиум и магнезиум, и макронутриенти, вклучувајќи протеини и масни киселини. Протеините во јогуртот се висококвалитетни протеини, а покрај тоа во својот состав јогуртот ги вклучува сите девет есенцијални аминокиселини во пропорциите потребни за синтеза на протеини. Калиумот присутен во јогуртот помага да се исфрли вишокот натриум од нашите тела, со што помага при регулирање на крвниот притисок
*ПР објава