Фустаните на Меган ја збогатија Британија за 150 милиони фунти

Добивај вести на Viber

Откако американската актерка Меган Маркл се омажи за принцот Хари во мај минатата година, нејзиниот живот се смени од корен и родена е новата модна икона.

Кралската свршувачка и венчавка не беа само настани на годината, тие влијаеа и на модата во целиот свет. Како што проценуваат експерите, Меган на британската модна индустрија ѝ донесе профит од неверојатни 150 милиони фунти, затоа што сите жени и девојки сакаа да изгледаат како неа.

Стилот на Меган предизвика големо внимание. Порталите на светските модни брендови кои ги избра војвотката од Сасекс имаа рекордна посетеност, а среќните дизајнери ги тријеа рацете по добрата заработувачка. Жената која е најпребарувана на “гугл“ на пролет ќе стане мајка, и засекогаш ја смени модната индустрија. 

Платформата „Лист“ ја прогласи Меган за една од најголемите инфлуенсерки за минатата година. Нивните стручњаци потврдија дека таа во иднина ќе биде уште посилна, и прогнозираат оти ќе го достигне култниот статус на никогаш непрежалената британска принцеза Дајана, модната икона на своето време.

Како што апализира „Лист“, модниот успех на Меган е уште поимпресивен затоа што таа, за разлика од убавиците како Кели Џенер или Ким Кардашијан нема профил на Инстаграм и милиони следбеници. Во просек, ако Меган носела некој одреден бренд, интересирањето за него се зголемува за 200 проценти. 

Пример е свадбениот прием на кој Меган облече елегантна креација на Стела Мекартни со отвор на вратот, па интересот по тие фустани со ист отвор порасна за околу 40 проценти во неделата, по венчавката.