Galaxy Tab S7|S7+: нови Samsung таблети за работа и забава

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd во текот на завчерашниот Galaxy Unpacked настан, претстави и два нови таблети – Galaxy Tab S7S7+. Со новите функции, унапреденото S pen пенкало, проширената тастатура, големиот екран и моќниот процесор, како и поддршката за 5G мрежа кај моделот S7+[1], овие уреди нудат мноштво алатки за работа и забава.

Моќен уред за работа...

Процесорот на последната генерација на корисниците на овие уреди ќе им пружи можности за врвна продуктивност, додека по работното време уживањето во гејмингот и видео повиците со пријателите, ќе биде потполно непречено. Мултитаскингот ќе биде дополнително олеснет со заобленото Spen пенкало со издолжен врв, унапреденo така што ќе пружи поприродно чувство во текот на користењето. Во комбинација со стапката на освежување на екранот од 120Hz, S Pen ќе го олесни фаќањето белешки во текот на состаноците и конференциските повици. Со тоа, апликацијата Samsung Notes ќе понуди можност за едноставно конвертирање на белешките во PDF формат, додека со опцијата Audio Bookmark на корисниците ќе им се овозможи истовремено да го снимаат состанокот и да водат записник, а потоа сѐ да синхронизираат. Така со еден клик на одреденареченица во белешките, ќе може да се стартува аудио записник точно на она место кадешто се зборувало за одредена тема.[2]

Покрај тоа, унапредениот Multi-Active Window овозможува истовремено користење на дури три апликации, па така ќе биде можно паралелно да се присуствува на видео повик, да се следи електронската пошта и да се води записник за состанокот. Во тоа многу ќе помогне и големиот екран на таблетот. Дополнително усовршени се и апликацијата Samsung DeX,како и Keyboard Book Cover тастатурата[3]која доаѓа со интуитивни функции[4] и подолгtouchpad, за корисниците кои што сакаат во текот на користењето на таблетот да имаат впечаток дека работат на PC. Благодарејќи на соработката со компанијата Microsoft, овозможена е брза синхронизација на Samsung Notes со апликациите Microsoft OneNote и Outlook[5],па преминот од еден на друг оперативен систем никогаш не бил поедноставен. Освен тоа, Tab S7|S7+можно е безжично да се спои со соодветен телевизор и да се презентира содржината на екранот на поголемиот уред[6].

но, и за забава

Galaxy Tab S7 доаѓа со LTPS TFT екран од 11 инчи, аTab S7+ со единствениотSuper AMOLED екран од 12,4 инчи, додека и двата поддржуваат сооднос 16:10. Во комбинација со системот од четири AKG звучници, на корисниците ќе им се пружи кино-искуство и во нивните домови.

Благодарејќи на намалената емисија на сина светлина[7], повеќечасовното гледање во екранот на таблетот нема да смета на очите, така што по освежувањето од 120Hz корисниците ќе уживаат на социјалните мрежи или во видео игрите, непречено и без ограничувања.

Со купувањето на таблетот, овозможено е четири месецибесплатен пристап на апликацијатаYouTube Premium[8], додека пак Netflix[9]иSpotify[10]исто така ќе бидат преинсталирани. Освен тоа, за прв пат на Android таблет ќе биде однапред инсталирана и популарната апликација Clip Studio Paint за цртање[11], па така дизајнерите и оние кои се вклучени во креативната индустрија секогаш ќе имаат пристап до својот „блок за цртање“. За што подобра содржина на социјалните мрежи ќе помогне и Canva, со оглед на тоа дека на располагање ќе бидат и повеќе од 200 ексклузивни шаблони од оваа платформа[12].

Незаменлив гејминг

Со Tab S7S7+, конзолата нема повеќе да биде стационирана во дневната соба. Благодарејќи на навистина брзата стапка на освежување и големиот екран, поддршката за Wi-Fi 6 стандард, но и за5G мрежа[13]кај S7+ моделот, корисниците ќе уживаат во гејмингот каде и да се наоѓаат.

Поврзаноста наGalaxy екосистемот

Благодарејќи на Samsung Cloud и апликацијата Samsung Flow[14]некои од функциите на таблетот, ќе им бидат достапни на корисниците истовремено и на Galaxy телефоните и компјутерите, па нема да биде потребно праќање и преземање на документи од еден на друг уред. Освен тоа, Tab S7 |Tab S7+ ќе служи и како уред преку којкорисниците ќе ги контролираат своите домови и куќните апарати кои се базирани на Internet of Things(IoT).

Tab S7 |S7+ ќе бидат достапни во текот на август во Мистично црна, Мистично сребрена и Мистично бронзена боја. Повеќе информации можете да најдете на:

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s7-wifi-t870/.

Tab S7S7+спецификации

*Спецификациите се подложни на промени без претходна најава и варираат во однос на пазарот/продажните места.

**Сите функции, опции, спецификации и други информации за производите во овој документ, вклучувајќи ги, но неограничувајќи се на придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производите, подложни се на промени без претходна најава.


#####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, паметните телефони, носечките уреди, таблетите идигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијата иLED технологијата. За дополнителни информации и вести, посетете ја Samsung Newsroom наhttp://news.samsung.com.


[1]Потребна е оптимална 5G конекција. 5G услугата е достапна само во подрачјата и државите со развиена 5G мрежа. Реалната брзина може да варира во однос на државата, операторот и начинот на користење.

[2] PDF import, PDF коментари и Audio Bookmark се достапни на последната верзија на апликацијата Samsung Notes, ver. 4.0.

[3]Се продава посебно.

[4]Book Cover тастатурите Tab S7 I Tab S7+ доаѓаат со функциски тастери; наменските тастери се достапни само на тастатурата за Tab S7+.

[5]Услугата ќе биде овозможена подоцна во текот на годината.

[6]Компатибилни се само телевизорите со опцијата за пресликување на екранот.

[7]SGS, водечкатасветска компанија за сертификација, на екранот на Tab S7+ моделот додели сертификат за грижа за очите, а на екранот на Tab S7 сертификат за намалена емисија на сина светлина, благодарејќи на можностите за драстичното намалување на негативните ефекти на очите. Сертификатите се достапни на www.sgs.com/performance, под бројотFFU/20/GEN/00025 за Tab S7+ и FFU/20/GEN/00018 за Tab S7.

[8]Само за новите корисници на апликацијата YouTube Premium. Достапноод 14. февруари оваа година, до 5.април наредната година. Потребно е да се пополни образец за плаќање. По истекувањето на бесплатниот период, се наплаќа на месечна основа. Можно е во било кој моментда се прекине користењето на услугите.

[9]Netflix сè уште не е достапен во Кина, Северна Кореја и Сирија, како и на Крим.

[10]Достапноста на апликацијатазависи од пазарот.

[11]Апликацијата е преинсталирана на одредени пазари. На останатите ќе биде достапна за преземање преку Galaxy store. Достапните верзии се PRO и EX.

[12]50 од вкупно 200 ексклузивни шаблони ќе им бидат достапни на корисниците преку четири надградувања.

[13]Има потреба од оптимална 5G конекција. 5G услугите се достапни само во подрачјата и државите со развиена 5G мрежа. Реалната брзина може да варира во зависност од државата, операторот и начинот на користење.

[14]Samung Flow можно е да не биде поврзан на одредени модели, во зависност од спецификациите на паметниот телефон.