Galaxy Watch FE – многу повеќе од само рачен часовник на Samsung

Добивај вести на Viber

Летото е веќе во полн ек, а и ние сме многу повеќе физички активни без разлика дали е тоа поради желбата да ги намалиме килограмите или пак едноставно бидејќи живееме според верувањето „во здраво тело, здрав дух.“ Но за да имаме здраво тело, неопходни се и здрави навики како добра изхрана и редовно вежбање, каде мотивацијата игра огромна улога за нивно практикување особено кога станува збор за дисциплина при физичката активност. Совршен уред да го остварите тоа е новиот паметен рачен часовник Samsung Galaxy Watch FE чии бројни функции ќе го направат да биде ваш личен здравствен асистент. 


Опремен со напреден Samsung BioActive сензор, Galaxy Watch FE обезбедува низа моќни функции за фитнес и велнес, кои ќе ви обезбедат персонализирани и корисни совети 24 часа на ден. Ќе можете да го следите својот напредов низ повеќе од 100 различни вежби од вашиот зглоб зглоб, и кога е потребно ќе можете да примате предупредувања за високи или ниски отчукувања на срцето, известувања за неправилен ритам, анализа на трчање и персонализирана зона на отчукувањата на срцето за време на вежбањето. А доколку поинтензивно спортувате, напредната анализа на трчање ќе ви помогне не само да ги анализирате своите вкупни перформанси за максимална ефикасност, туку и да добивате увид и упатства за превенција од повреди, за да можете непречено да се движите кон своите цели.Со постојаниот увид во параметрите за вашите телесни масти и мускулната маса кои ќе можете да ги следите на часовникот од вашиот зглоб, ќе научите подобро да го разбирате вашето тело и полесно да стигнете до посакуваните резултати.

Но идејата позади Galaxy Watch FE не е само да се грижи за вашето здравје кога сте активни и во текот на денот, туку и во текот на ноќта додека спиете. Земајќи го предвид исто така огромното значење што за севкупната здравствена благосостојба го има ноќното спиење кај луѓето, Galaxy Watch FE нуди различни напредни функции,од следење на обрасцитеи фазите на спиење, до совети како да спиете подобро, и да создадете средина погодна за добар сон.


Што се однесува до естетиката, овој часовник го поседува веќе познатиот и препознатлив кружен дизајн на Galaxy. Лесен и пријатен за носење, можете да го имате во црна, розово-златна  или сребрена боја и нови ремчиња со јасни сини и портокалови шевови. Со Super Almoled екран и оценка IP68, Galaxy Watch FE нуди врвна издржливост и штити од гребаници при секојдневното носење.

Ако сте од оние кои ја сакаат целата унифицирана Galaxy приказна, тогаш вашиот Galaxy Watch FE можете беспрекорно да го поврзете, не само со било кој Samsung Galaxy телефон, туку токму и со Galaxy S23 FE. Како и часовникот, така и телефонот од FE фан едицијатана Samsung имаат една заедничка, надалеку позната карактеристика, а тоа е дека се good value for money, односно дека квалитетот и перформансите кои ги добивате со овие уреди се наоѓаат и кај уредите од премиум класите.А за комплетно аудио искуство за вашиот Galaxy екосистем, изберете ги Galaxy Buds FE.


За сите кои активно го поминваат овој летен одмор, Galaxy Watch FE  е совршен придружник.  Со елегантен дизајн и напредни функции, секогаш ќе бидете чекор понапред од останатите. Без разлика дали поминувате време на планински патеки, уживате во спортови на вода или едноставно истражувате нови градови, Galaxy Watch FE ќе ви помогне да го следите вашиот напредок и ќе ве мотивира да живеете здрав живот.



*Пр објава