(ГАЛЕРИЈА)- КОИ СЕ НАЈПОЗНАТИТЕ ЛАТИНО ЗАВОДНИЧКИ ?
Со својот шарм, убавина и сексапил, тие го покорија Холивуд, а мажите од целиот свет поради нивната појава паѓаат на коленици.
Светските медиуми направија истражување, зошто се толку посебни жените од Јужна Америка. Латино убавиците ги красат прекрасната насмевка, бујните деколтеа и занесните облини, но и шармот и неверојатната енергија. Сите дами кои ги избравме во фото-галеријата се по потекло од Латинска Америка. Освен потеклото, имаат уште една заедничка особина. Имаат преку 40 години и сите изгледаат барем 15 години помладо.
Ова се латино-дивите кои го покорија светот:
Џенифер Лопез е по потекло од Порткорико. Има 49 години, а позната е нејзината приказна дека почнала од ништо, и самата си ги плаќала часовите по танц. Денеска е една од кралиците на светкиот шоу бизинис, а од својот задник, таа направи бренд. Во моментво е во љубов со познатиот безбол играч Алеккс Родригез.
Селма Хајек е по потекло од Мексико, позната по својата егзотична појава и беспрекорниот актерски талент. Токму таа ја играше улогата на познатата мексиканска сликарка Фрида Карло во истоимениот филм.
Шакира го освои светот со својата заразна енергија, бујната кадрава коса и со широката насмевка. Пејачката стана бренд и поради нејзиниот препознатлив стомачен танц. Од 2010 година е во врска со фудбалерот Пике, и ги имаат синовите Милан и Саша.
Ева Лонгорија неодамна стана мајка, а среќата ја пронајде во третиот брак со директорот на ТВ продукцијата „Телевиса“, Хосе Антонио Бастон. Со години важи за една од најубавите жени во Холивуд,а светската слава ја постигна со серијата „Очајни домаќинки“.
Софија Вергара е родена во Колумбија, каде што беше најголема ѕвезда во деведесетите години. Светски е популарна од 2003 година. Во моментов работи на хит-серијата „Модерно семејетво“, а оваа 46 годишна актерка секогаш изгледа совршено, и личи многу помлада од своите години.