(ГАЛЕРИЈА) Едноставна и модерна на 50 години: Стилот на Јелена Бачиќ-Алимпиќ

Добивај вести на Viber

Јелена Бачиќ-Алимпиќ ја знаевме како водителка на популарните „Браво-шоу“ и „Убавина, здравје и уште понешто“, но и како новинарка и уредник во повеќе печатени медиуми. Телевизиската работа и донесе голема популарност и награди, Оскар на популарноста и награда за најуспешен Тв новинар во Србија. Денес, нејзино обележје се романите. Сите книги кои ги напиша станаа бестселери.

Јелена изгледа одлично и покрај нејзините 50 години, и нејзините секојдневни обврски. Таа е верна сопруга и мајка повеќе од 25 години. Нејзиниот стил е едноставен, но модерен и совршено одговара на нејзината витка линија. Често знае да прави и промени со својата фризура, без разлика дали станува збор за боја или должина.

- Не сум пример за жена која се „негува“ од внатре, ако тоа подразбира правилна исхрана, за жал. Нередовно се хранам, малку спијам, но затоа ударно вежбам откако знам за себе си. Тоа најмногу поради тоа што имам проблеми со р’бетот и со колената, па се трудам со вежбите да ги избегнам хируршките зафати. Што се однесува до надворешниот изглед, два пати во годината одам на мезотерапија, го хранам своето изморено лице со хијалурон и со колаген кој одамна почна да ме напушта, и еднаш во годината, задолжително правам систематски преглед. Тоа го сметам за своја обврска, како и спрема себе си, така и спрема моето семејство на кое сум му потребна. Среќна ме прави среќата на моите деца и на мојот сопруг, среќата на моите пријатели и му заблагодарувам на Господ што мојата мајка е сè уште со мене. Му се радувам на растењето на децата на мојот брат и над се, на нашата мала куќа на падините на Фрушка Гора, каде што во друштво на мојот пес, го пронаоѓам мирот- раскажа Јелена.