(ГАЛЕРИЈА) Фармерки под гламурозен фустан: Стилот на Златните глобуси

Добивај вести на Viber

На гала вечерта во Лос Анџелес, сношти беа доделени Златните глобуси, вторите најзначаји награди, ведаш по Оскарите.

Во категоријата за најдобар филм, победи „Боемска рапсодија“, а главниот актер Рами Малек ја доби наградата за најдобар актер за улогата на Фреди Меркјури. Во категоријата актерка, наградена е Глен Клоус за „Жената“, иако се очекуваше дека тоа признание ќе го добие Лејди Гага за филмот „Ѕвездата е родена“. Во категоријата за најдобар филм, комедија или мјузикл, победи „Зелената книга“, Кристијан Бејл е најдобар актер а Оливиа Колман актерка. Златниот Глобус за животно дело го доби Џеф Бриџис. 

Со своите тоалети и костуми, ѕвездите на Златните глобуси заблескаа на црвениот килим. Една од актерките облече фармертки под фустанот, но тоа никој не го забележа.

Сара Оу ја водеше церемонијата со ѕвездата на серијата „Бруклин 911“ кој на доделувањето дојде со сопругата Џоана Њус

Лејди Гага беше номинирана за најдобра актерка, а дојде во екстравагантен фустан со боја на лаванда

Џејми ли Кертис има 55 години и изгледа совршено во белиот фустан со длабок шлиц.- ѕвездата на филмот „Ноќта на вештерките“ кој го сруши рекордот во кино салите 

Цветните дезени беа чест избор на Златните глобуси, не само помеѓу жените. Од лево кон десно: Моли Симс, Дарен Крис и Хајди Клум 

Emily Blunt, Glenn Close, Janelle Monae, Penelope Cruz

Од лево кон десно.- Емили Блант, Глен Клоус, Жанел Моне и Пенелопе Круз

 

Британската ѕвезда Џамела Џамил изгледаше гламурозно на црвениот тепих. Под овој преубав фустан, поради студот таа облече фармерки, и никој не поверува додека не објави симка на социјалните мрежи

Три грации: Никол Кидман, Алисон Џејни и Ен Хатавеј


Манекенката Ирина Шајк со режисерот и главниот актер во филмот Ѕвездата е родена, Брејди Купер 

Фото: Getty Images