(ГАЛЕРИЈА) Феноменален настап на шведското дуо Axwell & Ingrosso на македонско тло
Вчеравечер со одличнот настап на диџејските ѕвезди Axwell Λ Ingrosso, се отвори овогодинешното издание на „Skopje Calling“ во органицазија на Авалон продукција.
За загревањето пред ѕвездите на вечерта, беше задолжен македонскиот Диџеј Галоски, кој се повеќе станува име од светски размери. Неговиот сет ја размрда публиката, и беше само почеток на една супер вечер. Диџеј Галоски, пред најавување на дуото Axwell Λ Ingrosso , покажа дека македонската публика е гласна и забавна, и според него една од најубавите глетки.
Со самото излегување на сцена на двајцата музички творци, атмосферата доби една поинаква димензија. Искусното шведско дуо Axwell Λ Ingrosso, ја „запали“ публиката со своите познати хитови „More than you know“ и „Don't worry child“, кои беа испеани во еден глас.
Оган, визуелни ефекти и конфети беа само дел од изненадувањата, кои направија да се почувствувате дека сте дел од една светска музичка сцена.
„Skopje Calling“ денеска продолжува со својата четиридневна програма. Следува настапот на Morcheeba, во 20 часот на стадионот на АРМ.
Д. Караташова
фото: Cтефан Рајхл, Авалон продукција