(Галерија) Дама со стил: Среќен роденден Иванна Хаџиевска

Добивај вести на Viber

Иванна Хаџиевска ја паметиме уште како водителка на емисијата „Ексклузив“ на ТВ А1, а сега е шеф на протокол на премиерот Зоран Заев.

Убавата стружанка денес слави роденден и полни 31 година. Иако годините одминуваат, Иванна останува доследна на својот едноставен стил со умерена доза сензуалност. Таа е заштитно лице на модната куќа „Кокев“, и речиси секогаш се појавува во парчиња со потпис на Тања Кокев, во кои изгледа беспрекорно.

Во интервју за Женски Магазин, таа објасни дека има доста набиена агенда и дека еден ден не и е доволен.

- Аларм, ладен туш за освестување, свежо цеден сок, смс пораки, бадеми, телефонски повици, чај, велосипед, мејлови, агенди, високи потпетици, состаноци, јаболко во лет, авионски билети, книги, вода, луѓе, трчање, разговори, возила, организации, задолжителна средба со убави лица и размена на реченица, две, три, за да ја променам положбата на неудобност од официјалната картонска кутија… игри со кучињата, со другарките, домашни обврски, подготовки за утре, сопруг… и ми се чини дека 24 часа ми се малку - раскажа Иванна.

Но сепак и покрај сите обврски секогаш наоѓа време за себе и својот изглед. Иако неодамна ја промени својата боја на коса, се уште како заштитен знак ја носи својата широка насмевка.