(ГАЛЕРИЈА) Ќерката на Мајкл Џексон на гала вечер во најгрдите патики сезонава

Добивај вести на Viber

На гала настан во Музејот на уметноста во Лос Анџелес, многу познати дами прошетаа во креации на модната куќа Гучи.

Сестрите Кардашијан во црно, Кетрин Зета Џонс во златна варијанта, додека 20-годишната ќерка на починатиот крал на поп-музиката, Мајкл Џексон, се појави во свое препознатливо светло. Позната по својот специфичен стил на облекување, Парис Џексон ни овојпат не остави ништо на случајноста.

На својот свечен долг фустан со раскошни детали, искомбинира чудни патики.

Иако поголемиот дел од дамите за своите луксузни изданија избраа високи потпетици, наследничката на кралот на поп музиката, избра чудни патики во луксузна верзија.


Станува збор за хит модел на патики презентирани во тековната колекција, која е резултат на соработката на „Гучи“ и „Сега“, јапонската мултинационална компанија која се здоби со светска слава.

Како изгледаа дамите на гала вечерта, погледнете во нашата галерија.