Моден фокус // Стил Профил
(ГАЛЕРИЈА) Колекција Chloe есен/зима на Париската недела на модата
Колекциите Chloe со години го претставуваат духот на младите жени кои се желни за авантури. Креативната дизајнерка на модната куќа Наташа Ремски Леви го слави наследството на брендот, но со секоја нова колекција додава свој печат и машки, модерни кроеви.
Оваа сезона, дизајнерката им се придружи на бројните брендови кои го прославуваат стилот на модерната вработена девојка. Како и многу други дизајнери, Наташа ја избрала сликата на девојка од 1980-тите и 1970-тите како инспирација за колекцијата.
Линијата е исполнета со лежерни модели и преголеми силуети. Во колекцијата пронајдовме миди сукњи со асиметричен крој, маички и кошули со длабоко деколте. Панталоните се во природни нијанси, изработени од лесни материјали, а стајлинзите се надополнети со чизми кои имаат масивни потпетици , како и црно-бели преголеми џемпери со нагласени раменици и јакни со крзно.
Покрај тоа, дизајнерката додава и бронзени нараквици и советува да ги носиме преку раквите на близа или џемпер.