(ГАЛЕРИЈА) „Козле“, новиот Ковид-центар подготвен за хоспитализација на заболени од коронавирус

Добивај вести на Viber

Целосно заврши комплетирањето на новиот скопски Ковид-центар, односно Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, со што од денеска таму освен децата позитивни и суспектни на вирусот, ќе се примаат и возрасни пациенти со полесна клиничка слика.

-Целосно е опремена болницата со се што е потребо за непречено функционирање на еден ваков центар кој е неопходен за хоспитализација на болните од корона вирусот, се во помалку сериозна здравствена состојба. Направен е план и за медицинските тимови. Во првата смена ќе има лекар интернист, лекар инфектолог и педијатар, а втората смена е составена од интернизт и педијатар, изјави д-р. Ангелчо Андоновски, директор на Институтот „Козле“.

Во однос на децата кои утринава беа примени и се позитивни на вирусот вели дека се во добра општа состојба.

-Двете деца немаат симптоми, ќе ги направиме сите потребни испитувања и доколку дозволува состојбата ќе бидат пуштени на домашно лекување, но задолжително ќе останат во 14-дневна изолација, вели директорот Андоновски.

А.Б. - Фактор.мк