Моден фокус // Стил Профил
(ГАЛЕРИЈА) Лежерни и префинети модели и фустани во новата колекција на Ралф Лорен
Ралф Лорен за својата нова колекција за пролет/лето 2018 инспирација пронашол на Јамајка ...
Овој американски дизајнер ја отпочнал својата модна ревија со лежерни фустани со плави и бели детали. Од елегантни дневни фустани, до макси фустани со шлицеви и симпатични сукњи, секој изглед кој можевме да го видиме на сцена издишуваше со префинетост.
Гардероберот на жените во визија на Ралф Лорен сепак, не може да биде целосно опуштен. За формални прилики, новата сезона ни понуди пругасти костуми, луксузни плетени додатоци и фустани декорирани со штрас.
Манекенките воглавно на сцена прошетале боси или носеле едноставни сандали со каишки, а од познатите имиња, се издвојуваа Бела Хадид , Џоан Смолс и Роми Стрејд.