(ГАЛЕРИЈА) Модата на премиерата на „Avengers:End Game“: Најдобрите аутфити на вечерта
Љубителите на филмовите од „Марвел“ едвај ја чекаа премиерата на „Avengers: End Game“ , кога конечно нивните омилени суперхерои заедно, рамо до рамо, ќе се борат за да го спасат универзумот во епска битка.
Вчеравечер во Лос Анџелес, холивудските ѕвезди на овој серијал играни филмови се собраа по повод премиерата на овој последен дел. Дел беа инспирирани од камењата на Тансос па носеа сличен накит, дел се одлучија за пастелни пролетни комбинации, дел за класична елеганција...
Неочекувано, Мајли Сајрс го украде шоуто на црвениот тепих, кога во свој стил позираше до сопругот Лијам Хемсворд.
Крис Прат за првпат се појави со неговата вереничка Кетрин Шварзенгер, а Скарлет Јохансон дојде со нејзиното момче Колин Џост. Со нејзиниот светкав моден избор во преден план ја стави тетоважата на грбот.
Еве ги најдобрите „аутфити“ на вечерта.